2 мачки си муабетат

...ако до сега немало доказ дека животните си комуницираат на свој јазик - еве од каде може да се почне :-) ...


Labels: , , , , , ,

16 коментари линкови до овој пост

Иван Блажев [ веб - сајт ]

Денес сакам да ви го претставам официјалниот веб сајт на Иван Блажев, еден од најдобрите македонски фотографи кога станува збор за документарна фотографија.
На сајтот ќе можете да најдете доста инересни фотографии од сите досегашни проекти на Иван, како и најава за оние што допрва доаѓаат.

[ фотографија од серијата "Macedonia Dreaming" - мојата најомилена ]


Сајтот има доста едноставен и функционален дизајн и е комбинација на HTML и Flash - и верувајте ми ќе ви биде забавно додека ги разгледувате фото-галериите кои се направени навистина добро.

...доста е реченици од мене :-) - ви оставам на вас да го разгледате сајтот и да уживате!

линк: Иван Блажев

Labels: , , , , , ,

2 коментари линкови до овој пост

Bob Marley се превртува во гроб

Robert Nesta Marley е еден од најпознатите Јамајкански пеачи / музичари , и во денешно време ретко кој не слушнал за него, а камоли да не знае некоја од неговите вечни хит песни. ("I Shot the Sheriff", "No Woman, No Cry", "Could You Be Loved", "Redemption Song")

Неговиот краток живот поминат во голем дел како музичка икона на една генерација а воедно и како почитуван политички активист - тој го завршува на 11 Мај 1981 год. во Мајами.
....................

Истиот тој ден 11-Мај, Скопјани го избраа за да се соберат во градскиот парк и на некој начин да го испочитуваат неговото дело.
По некоја случајност се најдов на овој настан и за среќа со мене носев апарат - еве што можев да видам...

...мислејќи на Bob Marley, и на тоа колку тој им "значи во животот", присутните на овој настан "уживаа" опкружени со неколку тони ѓубре (кои самите го направија), лежеа на празни шишиња Скопско / Коњак / Вино ...и како на никого сето тоа да не му сметаше..

...по се изгледа нема повеќе свест во овој град за ништо...

Labels: , , , ,

5 коментари линкови до овој пост

MKBlog Conference

conference_logo_120×901.jpg

На 26ти мај, во просториите на културниот центар „Точка“ ќе се одржи првата МК Блог Конференција во организација на Центарот за Нови Медиуми.

p.s. се гледаме таму! :-)

Labels: , , , , , ,

0 коментари линкови до овој пост

Mасовно убиство на 32-ца студенти на Virginia Tech University


Пиштолџија масакрираше 32-ца студенти на Virginia Tech кампусот, во 2-одделни напади. Ова е најголемото масовно убиство во новата историја на САД, и иако е жално и трагично, претставува само една логична прогресија од трагедии како Columbine High, каде во сличен напад беа убиени 15 - средношколци.

На полицијата и обезбедувањето од кампусот им биле потребни дури 2-часа да реагираат за она што се случува, и практично не превзеле ништо за да го спречат разбеснетиот убиец, кој одејќи низ кампусот со 2-автоматски пиштоли успеал да убие (или повреди голем број на луѓе).

Големата трагедија завршува, на еден веќе добро познат начин - убиецот го зачувал последниот куршум за себе; така што бројот на мртви во овој инцидент е 33 и 20 повредени.


Идентитетот на убиецот сеуште не е официјално објавен, иако првично се шпекулира дека станува збор за млад Азиец, на возраст помеѓу 19-20 години.

п.с. оваа вест во странските медиуми.

Labels: , , , , , , , , ,

2 коментари линкови до овој пост

Titanic DNA [ луксузен часовник ]

"So many rich people buy incredibly complicated watches without understanding how they work, because they want a story to tell,". "To them we offer a story."

Токму зад овие реченици стои филозофијата на Romain Jerome [Швајцарска фирма која произведува луксузни часовници] која деновиве на Baselworld ја промовира својата најнова линија на луксузни часовници, кои верувале или не, се произведени од остатоци од легендарниот брод Титаник!

Швајцарците се дограбиле до неколку парчиња од Титаник, кои биле извадени од длабочините во 1991 год. и сега ги претвораат во рачни часовници чија цена започнува од $7,800 па се до $173,100...привлечно нели? :-)

Labels: , , , , , , , , , , , , ,

0 коментари линкови до овој пост

"Everybody Loves Kiss"


"Every Bodyloves Kiss" е многу интересен сајт каде краторите си задале задача да ги пронајдат на Flickr [доста популарен web 2.0 сервис за фотографија] сите интересни фотографии на кои има бакнеж! ...најчесто меѓу луѓе, а колку што видов има и неколку фотографии од како тоа го прават и животните... :-)


Во секој случај, посетете го сајтов, сигурен сум дека ќе станете негови редовни посетители...

Labels: , , , , , , , , , , , ,

0 коментари линкови до овој пост

"Top 6 protest photos"

[Shut down Guantanamo Bay]

Разгледувајќи еден од многуте блогови кои ги следам на дневна база, наидов на едно многу интересно постче. Се работи за фотографии од најразличи протести (или кампања против нешто) кои се случиле во последно време. Интересен е начинот на кој луѓето решаваат да го искажат својот револт.



[PETA protest]

Ваљда од ова можеме и да научиме нешто, иако сметам дека сме нација на која непоправливо и фали енергија за било каков активизам или недај боже протест за нешто во што веруваме... :-)

Labels: , , , ,

2 коментари линкови до овој пост

...се враќаме..полека...полека :-)

:-)

0 коментари линкови до овој пост

The Invisible Man [ добри фотки ]



линк: [ The Invisible Man ]

0 коментари линкови до овој пост

Зошто Google е најдброто место за работа...

0 коментари линкови до овој пост

Demon Vs Heartbreaker - "You Are My High"

Оваа песна, заедно со спотот ми е една од омилените веќе подолго време. Ми се чини дека од време на време ја пуштаат на Play TV. Како и да е, еве ви ги Demon Vs Heartbreaker, со You Are My High!


п.с. ако се срамите од јазици и усни и сл. работи покријте си ги очите бидејќи видеото е бајаги експлицитно! :-)

0 коментари линкови до овој пост

Air - Pocket Symphony

Француското музичко дуо Air има нов албум!

насловот на албумот е - Pocket Symphony

Ако сте ги слушале Air порано ( и ви се допаднале ), тогаш сигурно и со овој албум нема да бидете разочарани. Музиката сеуште го има тој карактеристичен "Air звук" , ама некако е доста позрела и посериозна - баш и затоа ви препорачувам кога ќе го слушате албумот да го пуштите од почеток до крај ( без прекин ), само така ќе ја осетите симфонијата! :-)

п.с. ...специјално за овој албум ( за првпат ) направив torrent, на кој еве за почеток ќе му правам seed сам ( ваљда ќе ми се приклуи уште некој? :) )

[ мојот torrent не успеа :-) ...линкот е сменет и сега функционира ]

0 коментари линкови до овој пост

Зошто не отидов на Pete Tong....

Генерално земено, за да не направиш нешто обично е потребна една добра прична.

Епа јас тука ви ги давам моите 5-причини, зошто не бев на Pete Tong:

- причина 1
- причина 2
- причина 3
- причина 4
- причина 5

...бљак!

4 коментари линкови до овој пост

Blogito, Ergo Sum


...или на нашки - Блогирам, значи постојам ! :-)
[ зирнете ја маичкава ]

4 коментари линкови до овој пост

"Епидемија на вирусот ШАБАНОМАНИЈА"

"...нема да ја издржам оваа шабанарија се шири простотијата дури до Австралија..."


Сите што излегле од дома најмалку 2-3 пати во животот се свесни дека "Шабаноманија-та" (колку и да звучи смешно), навистина постои насекаде околку нас и зема се поголеми размери.

Не знам зошто, но потајно верував дека барем тоа нема да стигне до интернетот
( најверојатно мислев дека "шабанарите" ќе бидат премногу зафатени со резервирање на сепариња во кафани и alike кафиќи на кеј ) ...ама не...тие се фатиле за тастатурите и ги има се повеќе!

Како и секогаш, подлабоки коментари се излишни, затоа за да ви ја доловам мојата поента целосно, треба да ги направите следните чекори:

1 - отворете го во нов tab овој линк;
2 - симнете ја оваа песна ( за да ја пуштите ви треба Bs-player )
3- одете на линкот под точка 1, пуштете ја песната и читајте ( п.с. многу е важно да го следите линкот што е на крајот од текстот )

4- пишете ми што мислите! :-)

1 коментари линкови до овој пост

Полнење гласачки кутии! :-)

Не знам колку сите читатели на овој блог се запознаени, но освен M-Soulz, истовремено водам и 2-блог т.е. фото-блог ( Photo-Soulz ) на кој ги објавувам моите фотографии.

Пред некое време испратив една моја фотографија на JPG-Magazine, со цел да ја пријавам за најновиот број. Фотографијата се вика "Something in the air" и е поднесена на тема - елеганција.

...е сега - за полнењето на гласачките кутии! :-)

- JPG-Magazine објавува on-line гласање за тоа кои фотографии ќе излезат во нивното наредно издание. Сметав дека фотографијава вреди да ја споделам со сите посетители на блогов, па одете и проверете ја, ако ви се допаѓа можете и да гласате за неа! :-) - тука!

2 коментари линкови до овој пост

Royksopp - Remind me [ video ]

Повторно го гледав спотот на "Remind Me" од Royksopp, и онака ми текна да го постирам на блог бидејќи го немам направено тоа, а песната заедно со спотот си заслужуваат место тука (иако се доста стари).

Подолу клик на play за да го изгледате спотов повторно, или па ако не сте го гледале нека ви биде премиера! :-)

1 коментари линкови до овој пост

LCD Soundsystem - Sound Of Silver

Знаете кои се LCD Soundsystem така? :-)

...добро, барем за оние кои ги знаат и се запознаени со типот на музика што го прават, сигурно ќе бидат возбудени дека LCD Soundsystem го снимија својот нов ( 2 - втор ) албум кој е насловен како Sound Of Silver. Излегувањето на албумот во US - е закажано за месец Март 2007.

Добрата вест е што пиратеријата не мириува во ниеден момент, па не мора да чекаме до Март, и албумот ни е достапен уштe сега! :-) ...yeeeeeeeeah! ( тука )

Доколку не сте сигурни дали сакате да го симнете целиот албум - кој btw е најдоброто нешто штп сум го чул во последниве 2-месеца, еве ви една песна за проба....се вика - Time To Get Away!

( ...сите фотографии од постов се од снимањето на новиот спот на LCD Soundsystem, за песната - North American Scum )




7 коментари линкови до овој пост

"Државна Тајна - Строго Доверливо"

Понекогаш е тешко да се соочиш со фактот дека живееш во привидна слобода, особено кога има и докази тоа го потврдуваат тоа, и уште повеќе кога нема кој да го види тоа и да превземе нешто!

Во постирам 2 линкови од блогот на Филип Петровски, во кој од прва рака можете да видите како некои служби на нашата мила и драга Република Македонија се справуваат со оние кои по некоја случајност не мислат исто како неа...и верувајте ми - не е воопшто наивна работава!



Филип петровски е само еден од многумината кои биле дискредитирани на многу нечист и гнасен начин....


1 - "Оперативен План" - или план за да се дискредитира некого ако стане премногу "опасен";
2 - "Листата на кодоши" - кои btw можат да бидат и вашите професори на факултет.

п.с. ...се воздржувам од поконретни коментари не од страв дека ќе бидам и јас обработен од службите како што многумина од вашето окружување најверојатно веќе и биле "обработени" - туку дека едноставно не би сакал да користам пцовки на овој блог!

0 коментари линкови до овој пост