Mасовно убиство на 32-ца студенти на Virginia Tech University


Пиштолџија масакрираше 32-ца студенти на Virginia Tech кампусот, во 2-одделни напади. Ова е најголемото масовно убиство во новата историја на САД, и иако е жално и трагично, претставува само една логична прогресија од трагедии како Columbine High, каде во сличен напад беа убиени 15 - средношколци.

На полицијата и обезбедувањето од кампусот им биле потребни дури 2-часа да реагираат за она што се случува, и практично не превзеле ништо за да го спречат разбеснетиот убиец, кој одејќи низ кампусот со 2-автоматски пиштоли успеал да убие (или повреди голем број на луѓе).

Големата трагедија завршува, на еден веќе добро познат начин - убиецот го зачувал последниот куршум за себе; така што бројот на мртви во овој инцидент е 33 и 20 повредени.


Идентитетот на убиецот сеуште не е официјално објавен, иако првично се шпекулира дека станува збор за млад Азиец, на возраст помеѓу 19-20 години.

п.с. оваа вест во странските медиуми.

Labels: , , , , , , , , ,

2 Коментари:

На 6:50 PM, април 17, 2007, Anonymous iacovibus рече...

она што е погрозно од самиот чин е што веќе холивудските филмски студија се тепаат кој да даде повеќе пари за да ги откупи правата за правење на филм за ужасов...

па по некое време ќе глеаме филм каде сите студентки ќе бидат русокоси а сите студенти сурфери.

искрено не знам од што ми се повраќа повеќе.

 
На 6:44 PM, април 22, 2007, Anonymous CarrotTop рече...

Ова е доказ дека Американците се многу бистри= зошто на некој наш не му текне да направи нешто слично?

Па не сме ние Европска унија, а?
Баш штета.

 

Post a Comment

Линкови до овој пост

Create a Link

<< почетна страна